Пеналите ќе одлучуваат дали Ливерпул или Пари Сен Жермен ќе биде четвртфиналист во Лигата на шампионите.
Двата меча завршија со по 1-0 за двата тима, а победник мора да има, па ќе има пенали на „Енфилд“ како кулминација на драмата.
Ливерпул има позитивен биланс во ваквите ситуации, победувал во последните четири пенал серии, а во целата клупска историја има 74 отсто успешност (20 од 27), иако тоа не мора ништо да значи.