Тегнењето на Кјелини на залетаниот Сака и нагазувањето на Жоржињо на ногата на Грилиш беа моментите во кои италијанските фудбалери минаа само со жолти картони. Целта ги оправдува средствата, Италијанците не дозволија да примат уште еден гол, а ни тие самите не беа многу опасни кон голот на Пикфорд, па по120 минути, остана 1-1.
Италија на ЕП во 2012 година ја совлада Англија на пенали. Инаку, севкупно гледано, и Италија и Англија почесто губеле отколку што победувале кога имало пенал-серии.