Фудбалскиот клуб Вележ од Мостар, денеска прославува 100-годишнина од своето постоење, и во таа чест, синоќа на полноќ навивачите на овој босански клуб приредија спектакуларен огномет и пиротехничко шоу низ целиот град.
Се палеа факли и на легендарниот мост на реката Неретва, а гореше буквално цел Мостар.
Вележ е клуб кој трипати беше втор во поранешна Југославија, а двапати го освојуваше Купот, и за него своевремено играа многу познати фудбалери.
Погледнете како изгледаше Мостар синоќа на полноќ: