Култната керамика „Зелиге“, која е заштитена како културно наследство на Мароко и е откриена во десеттиот век, е причина за кавга непосредно пред стартот на Мундијалот во Катар.
Соседите од Магреб, Мароко и Алжир се препукуваат меѓу себе откако Алжирците од „Адидас“ ја добија гарнитурата на дресови за сезоната 2022/23 и на нив има мотиви од познатата мароканска керамика, која и сега е многу популарна и барана на пазарот.
Алжир не игра на Мундијалот во Катар, за разлика од Мароканците, кои ќе учествуваат на најголемиот фудбалски самит од 21 ноември до 18 декември годинава.
Реагираше мароканското Министерство за култура со барање до „Адидас“ да ја повлече гарнитурата на дресови со спорниот амблем.
Познатиот германски производител на спортска опрема „Адидас“ ги претстави дресовите „Фенекс“ на алжирската репрезентатција на 23 септември, а сега од нив Мароканците бараат дресовите да бидат повлечени во рок од две седмици.
Мароко е во Ф групата на СП во Катар заедно со Белгија, Хрватска и Канада.