Култниот клуб ја освои титулата во четврта лига, на трибините имаше 45.000 гледачи

Дека фудбалот е повеќе од игра, се потврди уште еднаш, и тоа овојпат во Турција, каде што е срушен рекордот по гледаност на меч од четвртиот ранг од натпреварувањето. Во 29-тото коло во турската Трета лига група 1, кој е четврти ранг на натпреварување во Турција, Бурсаспор со 4:1 славеше над Борнов со 4:1 и ја потврди титулата во ова првенство.

Мечот на стадионот во Бурса го следеа неверојатни 45.000 гледачи, а снимките од трибините станаа вирални.

Интересно е дека Бурсаспор сезонава и претходно имаше посетеност над 40.000 гледачи на еден меч. Тоа беше во дербито против Токато, кога на трибините имало 41.300 гледачи.

Бурсаспор е култен тим во Турција, некогашен шампион на земјата. Последен пат шампионскиот трофеј во витрините на овој клуб заврши во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести