Депортиво Ла Коруња е добро познат шпански клуб кој полека но сигурно ќе се обиде да се врати на старите патеки. Овој клуб точно пред 20 години, во мај 2004 година играше во полуфиналето од Лигата на шампионите, а сега се радува на влез во втората шпанска лига.
Ла Коруња на домашен терен минимално со 1:0 го победи тимот на Барселона Б и тоа беше директен дуел за првото место во трета лига. На две кола до крајот, Ла Коруња има 74 бода, а Барселона Б остана на второто место со 67 бода, што значи дека имаат недостижни седум бода заостанување.
Повеќе од 30.000 гледачи имаше на легендарниот стадион „Ријасор“, а по победата над Барселона Б, започна големо славење за пласманот во втора лига, популарната Сегунда дивисион во Шпанија.
🤩 #ANOSAFORZA pic.twitter.com/r4TSjfmx3S
— RC Deportivo (@RCDeportivo) May 12, 2024
Ла Коруња последен пат играше во Примера дивисион во сезоната 2017/18, кога заврши на 18-тото место и испадна. Потоа следуваше криза и тимот само тонеше подолу и подолу, па сега конечно дојде време на радост за фановите на овој тим.