Култниот стадион во Буенос Аирес по реновирањето стана најголем во Јужна Америка

Фудбалерите на Ривер Плејт минатиот викенд го совладаа Аргентинос јуниорс со 2:1 во рамки на третото коло во аргентинскиот шампионат, а притоа испишаа историја.

Тоа беше првиот натпревар на реновираниот култен стадион „Монументал“ кој по реновинањето стана најголем во Јужна Америка.

Паузата поради Светското првенство, управата на Ривер ја ускористи да го зголеми капацитетот на својот стадион, ја тргна атлетската патека, а теренот е спуштен за неколку метри и до него се поставени трибини.

https://twitter.com/RiverPlate/status/1624916630441455617?s=20

Кога ќе се постави и последната трибина, вкупниот капацитет на „Монументал“ ќе изнесува 83.198 седишта.

За дуелот против Аргентинос јуниорс, стадионот беше распродаден и натпреварот го следеа повеќе од 81.000 навивачи на Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести