Култниот Вестфален е број 1, Адеми и Ристовски играат на вториот најгрд стадион во Европа

Култниот стадион на Борусија Дортмунд „Вестфален“, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна Парк“ е најубавиот фудбалски објект во Европа, со просечна оценка 4,57 во рангирањето што ги опфати „Трип Адвајзор“, потоа и „Гугл“ и Фудбал граунд мапс“.

Второто место го делат „Камп Ноу“ на Барселона, „Сантијаго Бернабеу“ на Реал Мадрид и новиот стадион на Тотенхем.

Во рангирањето учествуваа 140 стадиони, а интересно е што за втор најгрд стадион во Европа е рангиран „Максимир“ во Загреб, на кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, двајцата наши репрезентивци од Динамо.

Полош од „Максимир“ е само стадионот „Карло Кастелани“ на калчолигашот Емполи.

 

- Оглас -

Најнови вести