Јувентус со голови на Дејан Кулушевски и Кристијано Роналдо, води со 2-0 по половина час игра против Парма. Кулушевски го отвори резултатот со гол против неговиот поранешен тим, за кој играше во минатата сезона, па откако даде гол, не се радуваше од почит кон Парма.
Во почетниот состав на Јуве е Џиџи Буфон, голман кој кариерата ја почна токму во Парма, па и тој се чувствува како дома.
https://twitter.com/i/status/1340389281597169669