Кулушевски е меѓу петте најбарани фудбалери во зимскиот преоден рок

По игрите кои ги прикажа во дресот на Парма, веќе и да нема клуб кој не го посакува 19-годишниот Дејан Кулушевски во своите редови, прашање е само кој има пари да го купи, а да не биде одбиен. Македонскиот Швеѓанец ќе биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок и му претстои возбудлив јануари во кој можеби ќе премине во поголем клуб.

Италијанските клубови би можеле да бидат најактивни во јануари, а листата од 10 топ фудбалери кои би можеле да се преселат во клуб од Серија А ја предводи Златан Ибрахимовиќ, за кого се зборува дека е блиску до Милан.

Артуро Видал ако си оди од Барса, се знае дека би заминал во Интер, а Кулушевски го држи третото место. Тој не би ја сменил лигата, туку само клубот. Но, Интер и Наполи ако сакаат да го откупат од Аталанта, ќе треба да одвојат барем 40 милиони евра од својот буџет.

Интересно засилување може да добие некој ако го купи Оливие Жиру, кој е блиску до заминување од Челзи. Ерлинг Халанд, кој беше откритие во ЛШ, многумина го гледаат во Манчестер јунајтед, но сега и Јувентус е сериозен кандидат. За Лукас Тореира од Арсенал загреан е Наполи, а овој трансфер не би бил добар за Елиф Елмас. Леандро Паредес нема место во ПСЖ, па би отишол во Јувентус.

Немања Матиќ бара место во некој тим, интерес има од Атлетико Мадрид и Милан. Жан Клер Тодибо не е лош, ама е можно од Барселона да се пресели во Милан. Матео Политано може од Интер да замине во Наполи како замена за Фернандо Љоренте.

- Оглас -

Најнови вести