Кулушевски е предобар за во Парма, ама не го пуштаат во јануари (Видео)

Новопечениот шведски репрезентативец, Дејан Кулушевски, со гол и уште неколку мајстории на дуелот на неговата Парма против Болоња (мечот заврши 2-2), покажа дека иако има само 19 години, веќе ја надминал оваа средина и заслужува да игра во поголем клуб. За услугите на нашинецот се борат Интер и Рома, но од Парма велат дека нема шанса да го пуштат во јануарскиот преоден рок.

Дејан ја погоди и стативата, а во Парма сметаат дека тој уште треба да продолжи да напредува, па најавуваат дека ќе ги одбијат сите понуди за талентираниот фудбалер од средниот ред, кој во минатото играше за кадетската селекција на Македонија, но реши да настапува за сениорите на неговата родена Шведска.

Болоња во 95-та минута се спаси од пораз, и тоа со убав гол на тетовецот Блерим Џемаили кој настапува за швајцарската репрезентација.

Погледнете го голот на Кулушевски за 1-0 за Парма:

- Оглас -

Најнови вести