Дејан Кулушевски е една од најголемите ѕвезди во шведскиот фудбал. Репрезентативецот на оваа земја, кој е дел од тимот на Тотенхем во англиската Премиер лига, е роден во Стокхолм, а неговите родители се со потекло од Македонија, односно охридско.
Откако пред седум месеци се крена фама дека Кулушевски одби да зборува на македонски јазик и дека можеби не знае македонски да зборува, кога даваше изјава во дресот на Тотенхем, овојпат Дејан покажа дека македонскиот јазик добро го владее.
Додека беше на репрезентативна обврска, по дуелот Шведска – Словенија, еден од новинарите побара Кулушевски да му даде изјава на српски јазик. Дејан веднаш одговори дека изјава може да даде на македонски јазик. Новинарот се согласи изјавата да биде на македонски јазик.