Дејан Кулушевски бил на журка на 30 мај и ги прекршил правилата за останување во таканаречниот балон, па сега е позитивен на корона-вирус и ќе го пропушти првиот меч на Европското првенство против Шпанија.
Нејасно е дали и други шведски репрезентативци биле на забавата од која е објавено и видео, што Швеѓаните и Кулушевски се обидоа да го избришат од социјалните мрежи.
https://twitter.com/andreUTD/status/1402615936797052929?s=20
Неодговорниот однос на Кулушевски се обиде да го оправда селекторот на Шведска, Јане Андерсон.
„Зборував со Дејан и му верувам дека ја кажува вистината. Бил поканет на роденденот на неговата сестра и не знаел дека ќе има повеќе луѓе на забавата“, изјави Андерсон.
Потоа беше објавено дека Кулушевски е позитивен на ковид-19 и е во карантин во Стокхолм, па сигурно нема да игра на премиерниот меч за Шведска против Шпанците на 14 јуни.
Играчот што има македонски корени, но ја одбра Шведска како своја национална селекција, во ноември веќе „прележа“ корона-вирус и мислел дека е безбеден, па присуствувал на журката, иако во тој период и според правилата на УЕФА, мораше да биде со останатите репрезентативци во услови на таканаречен балон за да се избегне токму можна зараза со корона-вирус.