Не е исклучено Златан Ибрахимовиќ да заигра на Европското првенство годинава, тврди шведскиот селектор Јане Андерсон. Иако Златан беше многу критички настроен, велеше дека не се земаат играчи со имигрантско потекло, и од 2016 година нема играно за националниот тим, сепак можеби ќе се премисли.
„Бев разочаран од изјавите на Златан, но тоа е минато. Помина. Ако се премисли и размислува да се врати, ќе биде добредојден. Сите што сакаат да играат за Шведска, нека ме контактираат“ – рече Андерсон.
Швеѓаните за ЕП ќе се подготвуваат во Катар, и за месецов имаат договорено контроли со Молдавија и Косово. Еуро 2020 почнува во јуни. Во дресот на Шведска ќе биде младиот Дејан Кулушевски кој неодамна стана член на Јувентус, и интересно би било да се види како еден добар асистент како него, би се снашол покрај врвен голгетер како Ибрахимовиќ.