Со два гола на Соланке и еден на Кулушевски, Тотенхем водеше со 3-0, а сега е 3-2 против Манчестер јунајтед на 15-тина минути до крајот на нивниот дуел од четвртфиналето на англискиот Лига куп.
Петлите имаат уште работа, но блиску се до полуфинале, каде веќе се наоѓаат Арсенал, Ливерпул и Њукасл и јасно е дека борбата за трофејот ќе биде жестока. Ждрепката е вечерва. Тотенхем својот последен трофеј го има освоено во 2008 година.
Инаку, македонскиот Швеѓанец Дејан Кулушевски кој им даде гол вечерва на Црвените ѓаволи, е во топ форма, има серија од четири натпревари по ред на кои постигнува гол.