Нашинецот Дејан Кулушевски, кој во следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, во интервју за најпознатиот италијански спорстки весник „Газета дело спорт“, изјави дека одвај чека да заигра во ист тим со Пауло Дибала и Кристијано Роналдо, но прво сака на успешен начин да се раздели со Парма, каде што сезонава игра како позајмен.
Кулушевски, кој има 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во Европа на негова возраст, за Јуве потпиша во јануари.
„На вистински пат сум, секој ден се чувствувам сè посилен и подготвен за новиот предизвик. Одвај чекам да се тестирам себеси против најдобрите. Во Јуве одам да учам, таму ќе играм заедно со Дибала, кој има магична лева нога. Можам да играм на неколку позиции, па и во Торино ќе се борам за место во тимот. Претходно сакам со Парма да ги оствариме целите и да добиеме што е можно повеќе натпревари“, вели Кулушевски, кој исто како и Дибала, е левучар.
Дејан има пофални зборови и за првата ѕвезда Кристијано Роналдо.
„Дента кога потпишав, имав прекрасен ден, атмосферата беше феноменална. Кристијано ми пријде, ми посака добредојде и ме праша како сум. Исто така и Буфон и Кјелини беа фини со мене. Многу бев среќен бидејќи до пред некоја година им се воодушевував гледајќи ги на телевизија. Се надевам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, додава Кулушевски, кој имал понуда и од Интер, но го одбрал Јуве поради стилот на игра на тренерот Сари, за кој мисли дека му одговара повеќе отколку тој на тактичарот Конте.