Кулушевски пак е резерва, Полјаците очекуваат Лева да се распука

Дејан Кулушевски сè уште ги чека првите минути на Европското првенство, а и вечерва од 18 часот ќе биде на клупата за резерви кај Швеѓаните на клучниот меч против Полска за пласман во осминафиналето.

Јане Андерсон се потпре на проверени сили и главен адут за голови ќе биде извонредниот играч на Реал Сосиедад, Александер Исак.

Шведска има четири бода и веќе е четвртфиналист, но им треба победа против Полска за да бидат први во Е групата.

Полјаците немаат поинаков избор освен да победат за пласман во осминафиналето бидејќи имаат само еден бод.

Главен адут им е Роберт Левандовски и од него очекуваат да се распука и да обезбеди настап во нокаут-фазата.

Состави:

Шведска: Олсен, Аугустинсон, Даниелсон, Линделоф, Лустиг, Ларсон, Екдал, Олсон, Форсберг, Кваисон, Исак.

Полска: Шченсни, Бережински, Гилк, Беднарек, Пухач, Клих, Криховјак, Јозвијак, Зјелински, Свидлерски, Левандовски. 

Многу интересен ќе биде и вториот меч од последното коло во Е групата меѓу Шпанија и Словачка. Црвената фурија двапати ремизира и ако не победи, може и да испадне. Имаат два бода, Словаците се со три и ним секако им одговара реми.

Шпанците ќе играат поофанзивно со тројца напаѓачи. Мората, Морено и Сарабија ќе бидат задолжени за голови, а охрабрување за четата на Луис Енрике е камбекот на капитенот Бускетс, кој го „прележа“ корона-вирусот.

Словачка е аутсајдер, но со нерешен резултат сигурно ќе биде осминафиналист, што им дава надеж дека можат да му се спротивстават на трикратниот европски првак.

Состави:

Словачка: Дубравка, Пакарик, Шатка, Шкрињар, Хубочан, Хараслин, Куцка, Хромада, Хамшик, Мак.

Шпанија: Симон, Аспиликуета, Гарсија, Лапорт, Алба, Педри, Бускетс, Коке, Сарабија, Мората, Морено.    

 

- Оглас -

Најнови вести