Кулушевски претставен во Јувентус: Дојдов тука да освојувам трофеи

Дејан Кулушевски денес беше претставен како нов играч на Јувентус. Швеѓанецот со македонско потекло уште во зимскиот преоден рок го стави потписот на договорот со Бјанконерите, пред да ја доигра сезоната во Парма како позајмен играч.

Кулушевски со нетрпение го чека дебито на „Алијанц стадионот“, а причината што потпиша за италијанскиот првак е дека сака да се кити со трофеи.

„Мечот во недела е од голема важност и среќен сум што конечно дојде времето да играме фудбал. Максимално сум подготвен да настапам доколку тренерот ми даде шанса. Го одбрав Јувентус како најдобра опција за мојот развој како фудбалер, но и да освојувам трофеи со овој голем клуб. Секако, Скудетото ми е приоритет“, истакна Кулушевски на прес-конференцијата.

Јувентус под водство на новиот тренер Андреа Пирло во недела ќе ги одмери силите против Сампдорија во премиерното коло до Серија А.

- Оглас -

Најнови вести