Дејан Кулушевски кој пред некој месец потпиша за Јувентус и во моментов е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, изјави дека бил шокиран кога видел дека нема да биде стартер на дуелот со Франција од Лигата на нации. Швеѓаните загубија со 0-1, а Кулушевски одигра само 20 минути, кога влезе наместо Себастијан Ларсон, што не го задоволи.
„Немав време да влијаам на текот на мечот. Бев шокиран. На тренингот беше супер, чудно е чувството, но го почитувам изборот на селекторот и се надевам дека на следниот меч ќе играм од почеток“ – изјави нашинецот.
Селекторот Јане Андерсон му контрираше.
„Не ми се чинеше дека е шокиран. Добро се снајде на терен како и многу други играчи. Дали во вторник ќе игра од прва минута? Ќе видиме“ – порача Андерсон.
Тука се вмеша и Златан Ибрахимовиќ. Ибра е лут што Кулушевски не играше од почеток.
„Каква е оваа е…. шега. Уште еден доказ дека има неспособни луѓе на погрешни позиции, и го гушат шведскиот фудбал“ – напиша Златан на социјалните мрежи.
Францускиот селектор Дидие Дешамп истотака беше изненаден и рече дека во подготовката пред средбата, детално го анализирале Кулушевски бидејќи очекувале да биде стартер.