Куман: Бевме наивни, разочаран сум и од искусните играчи

Холандија беше убедливо поразена од Франција со 0-4, а селекторот на Лалињата, Роналд Куман, рече дека е разочаран од изданието и наивноста, не само на помладите во тимот, туку и на оние искусните.

Одбраната предводена од Ван Дајк беше немоќна, средниот ред со Вајналдум како да ги немаше, а напаѓачот Депај утна пенал, па затоа Куман ги искритикува и искусните.

„Ја губевме топката на важни точки од теренот и бевме казнувани од противникот, кој беше одличен. Игравме премногу наивно. Жал ми е што многу играчи отпаднаа поради повреди и болест, но тоа не е причината за поразот. Не игравме добро. Моите критики не се само кон младите, очекував повеќе и од искусните играчи“ – изјави Куман.

Задутре Холандија игра против аутсајдерот Гибралтар, па ќе може да си ја поправат гол-разликата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести