Куман е инспириран да прави гадости во Хамбург: пред 36 години бришеше задник, денеска јадеше мрсули

На Роналд Куман му оди на стадионот во Хамбург кога се резултатите во прашање, но има и една друга негативна работа поврзана со неговите посети на овој терен.

Пред 36 години, во полуфиналето на Европското првенство 1988 година, откако Марко Ван Бастен даде гол за победа од 2-1 на Холандија над домашната Германија, Куман зеде германски дрес и симулираше бришење на задникот.

Многумина го имаа заборавено тој момент, некои тешко дека ќе му простат за тој неспортски потег.

Денеска, Куман пак беше во Хамбург, овојпат како селектор на Лалињата и тие повторно победија со 2-1 со гол постигнат во финишот, но во меч од групната фаза против Полска.

Холандскиот селектор сега е поискусен, не бришеше задник, но беше фатен од камерите како прави една друга невкусна работа. Куман си го чепкаше носот, а потоа прстот го стави во уста, да го проба вкусот на секретот. Изгледа Јоаким Лев доби конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести