35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Куман го преживеа првиот распит, но ништо не е сигурно

Роналд Куман го преживеа првиот разговор со управата на Барселона. Засега Холанѓанецот останува на клупата на Каталонците, меѓутоа најавени се нови состаноци во блиска иднина во кои ќе се донесе дефинитивна одлука.

На Куман му преостана уште една година од договорот и се очекуваше неговата иднина да биде сигуран по крајот на сезоната. Меѓутоа неговата екипа потфрли во финишот и испадна од трката за титулата, која на крајот заврши во рацете на играчите на Атлетико Мадрид.

Иако ја одведе Барселона до шпанскиот Куп, има шанси Куман да остане без работа во наредните недели.

- Оглас -

Најнови вести