Куман: И јас го сакам Мбапе во мојот тим, а Реал ако има пари, нека го купи

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, на денешната прес-конференција во пресрет на утрешната средна со Хетафе, беше прашан и што мисли за можниот трансфер на Килијан Мбапе во ривалскиот Реал Мадрид.

„Ако имаат пари, нека го купат. Тој е еден од најдобрите фудбалери на светот, и јас би сакал да го имам во тимот. Перфектно е кога може да се засили екипата со вакви играчи“ – изјави Куман.

Потоа Куман додаде дека Барса во моментов не може да се бори со најдобрите на светот, и дека оваа сезона е транзициска.

„Ние сме клуб кој мора да демонстрира победнички менталитет, но во моментов не можеме да се бориме со финансиски најсилните и најдобрите на светот. Важен ми е менталитетот на тимот, а не дали ги имаме најдобрите играчи на светот и да зависиме од поединци. Знаеме дека ги немаме најдобрите на светот, но ќе се бориме со други работи“ – вели Куман.

- Оглас -

Најнови вести