Барселона испушти нови бодови по вчерашното реми против Алавес и го повтори својот најлош старт на сезоната по шест натпревари од сезоната 2002/03, со само осум освоени бода. И тогаш Каталонците на клупата имаа холандски тренер, тоа беше Луј Ван Гал, кој доби отказ по половина одиграни натпревари во шпанското првенство.
Поради тоа не му се пишува добро на Роналд Куман, кој пак посочи дека е загрижен што нападот на екипата не функционира како што посакува тој. Триото напред, Меси – Гриезман – Фати има вкупно шест гола во шест меча, а од капитенот уште се чека погодок од игра.
„Загрижен сум за учинокот на нападот. Креиравме толкму многу шанси, а дадовме само еден гол, што е недоволно. Според мене е неприфатливо да искористиме само една прилика за гол, при тоа да му подариме гол на противникот. Истото ни се случуваше и против Јувентус“, истакна Куман.
Барселона упати 25 шутеви од кои девет беа во рамките, односно голманот на домаќините Пачехо, оствари седум клучни интервенции и беше прогласен за МВП на мечот.