Куман може да е задоволен: Мемфис блеска, заби и новиот талент кој треба да игра за Б тимот на Барселона (видео)

Барселона лесно го надигра Штутгарт со убедиви 3-0, тимот на Дарко Чурлинов, кој пак денес не се најде во составот на бундеслигашот.

Роналд Куман може да е задоволен од новите играчи на Каталонците, особено Мемфис Депај, кој на фантастичен начин денес повторно се запиша во листата стрелци пободувајќи за 1-0 во 21-тата минута.

За двојно водство во првото полувреме погоди и новиот талент Јусуф Демир, 18-годишниот офанзивец кој неодамна се пресели на „Камп ноу“ од Рапид Виена, но во новата сезона ќе игра за Б тимот на Каталонците. Конечните 3-0 ги постави Пуиг во 73-тата минута.

Во меѓувреме убедлив триумф запиша Манчестер сити со 4-0 над Барнсли, Атлетико со 2-1 бепе подобар од Волфсбург, Порто ја доби голедата против Лион со 5-3, додека Рома и Севилја ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести