Куман му зготви изненадување на Јувентус – Фати и Буксетс останаа резерви, Гриезман и Дембеле ќе почнат во Торино (Почетни состави)

Роналд Куман изненадувачки одлучи да ги остави на клупата за резерви Ансу Фати и искусниот Бускетс на дербито од второто коло од ЛШ против Јувентус, што ќе се игра вечерва во Торино од 21 часот.

Меси, Гриезман и Дембеле ќе бидат во нападот на гостите, а на спротивната страна е триото Мората, Кјеза и Дибала, па се очекува напаѓачки фудбал и голови во Торино.

Еве ги почетните состави:

Јувентус: Шченсни – Данило, Бонучи, Демирал – Бентанкур, Рабио – Квадрадо, Кулушевски, Кјеза – Дибала, Мората

Барселона: Нето – Араухо, Ленгле, Алба, Роберто – Де Јонг, Пјаниќ, Педри – Меси, Гриезман, Дембеле.

- Оглас -

Најнови вести