Куман: „На првиот меч ја притиснавме Шпанија, но сега мора да одиграме уште подобро“

Холандија и Шпанија одиграа нерешено, 2-2, на првиот четвртфинален меч, па патникот помеѓу најдобрите четири екипи во Лигата на нации ќе се одлучува вечерва на „Местаља“ во Валенсија.

„Очекувам уште еден натпревар со висок интензитет. Двете екипи можат да извлечат заклучоци од првиот меч и сигурно дека тоа ќе го направат. Имаше моменти кога ја притиснавме Шпанија и верувам дека тоа ги налути и сигурно нема да сакаат тоа да се повтори. Ние доколку сакаме да минеме понатаму, ќе мора да се прикажеме во уште подобро светло. Можевме и да ги победиме на првиот меч. Се надевам дека ќе го направиме тоа вечерва. Имаме простор да се подобриме во секој дел.“ – рече селекторот на Холандија, Роналд Куман, пред гостувањето кај Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести