Куман не им дозволи на Суарес и Видал да тренираат со остатокот од тимот на Барса

Екипата на Барселона денеска одржа тренинг на кој со остатокот од тимот ги немаше Артуро Видал и Луис Суарес, како ни Лионел Меси, кој од понеделник ќе му се приклучи на составот. Видал и Суарес тренираа одделно, и тоа по барање на тренерот Роналд Куман, кој не сака тие да тренираат со тим кој наскоро ќе го напуштат.

Уругваецот Суарес е пред финализирање на договорот со Јувентус, а Чилеанецот Видал е на пат кон Интер.

Суарес ги договори личните услови со Јуве, и најавите се дека за најдоцна една недела ќе потпише со италијанскиот шампион во кој ќе зема помала плата од таа што досега ја примаше во Барса. И Видал сакаше да се пресели во Јувентус, но наместо тоа, ќе оди во Интер кој е поконкретен во понудите. Трансферот ќе се реализира откако ќе најде начин како да го раскине договорот кој трае до 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести