Куман пак шокира, го исфрли еден од најголемите таленти во Барселона

Барселона вечерва на свој терен ќе игра против Елче во последниот подготвителен меч пред стартот на новата сезона за каталонскиот клуб. Тоа ќе биде дуел за трофејот „Гампер“, а пред мечот, новиот тренер Роналд Куман повторно шокираше.

Холандскиот стратег од составот го изостави големиот талент Рики Пуиг. Младинскиот репрезентативец на Шпанија не само што нема да биде дел од денешниот меч, туку воопшто нема да биде во плановите на Куман за претстојната сезона.

Многумина очекуваат Пуиг да биде наследник на легендарните Чави и Иниеста на средината на теренот, но Куман не го дели тоа мислење и му соопштил на фудбалерот дека може слободно да си бара нов клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести