Куман посочи кој е виновникот што Барселона не победи

По стартните победи без примен гол, Барселона синоќа ремизираше 1:1 против Севилја на „Камп ноу“. Прв примен гол и веднаш кикс за каталонскиот гигант. Тренерот Роналд Куман вели дека е задоволен од освоените седум бода по првите три кола, но сепак посочи виновник за тоа што неговиот тим синоќа не победи.

Според Куман, напаѓачот Антони Гриезман е еден од виновниците што домаќинот не победи на „Камп ноу“.

„Гриезман имаше две шанси за гол и поради квалитетите кои ги поседува, едноставно мораше да даде еден гол“, рече Куман по ремито со Севилја. Холандскиот стратег потенцираше и тоа дека Севилја е екипиште и тешко кој ќе може да ја победи.

 

- Оглас -

Најнови вести