Барселона го има најлошиот старт во последните 33 години во Примера дивисион откако само по 10 кола има дури четири порази и две нерешени. Со еден ваков биланс, каталонскиот гигант заостанува со12 бода во однос на лидерот Атлетико Мадрид, па тренерот Роналд Куман мора да бара решение за слабите резултати.
Според најавите од Шпанија, Куман побарал да му бидат донесени две засилувања во зимскиот преоден рок кои треба да бидат замена за Жарарт Пике и Усман Дембеле. Овие двајца се повредија и ќе ги нема долг период, па мора да се најде алтернатива за нивното отсуство.
Пред почетокот на сезоната, Барселона настојуваше да ги доведе напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај и дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија, а сега овие двајца повторно се споменуваат како први опции за фудбалери кои во зимскиот преоден рок би можеле да пристигнат на „Камп ноу“.