Куман сака предизвици: Суарес требаше да остане и да докаже дека грешам

Роналд Куман очигледно сака предизвици, но не беше доволно упорен за да го задржи Луис Суарес на „Камп Ноу“. Сега вели дека токму Уругваецот требало да биде поупорен и да не се откажува така лесно од Барселона.

„Суарес требаше да биде поупорен и да остане во Барселона, за да ми покаже дека грешам. Тоа е вистински предизвик, што Луис не го прифати“, е чудното објаснување на Куман.

Холанѓанецот и особено раководството на клубот воопшто не сторија ништо за да го задржат Суарес, кој беше еден од најдобрите играчи на клубот во минатите шест години.

За таква варијанта беше и капитенот и иконата на Барселона, Лионел Меси, но за малку и тој ќе настрадеше и ќе си заминеше.

Суарес бесплатно се пресели во Атлетико Мадрид, откако со Барса одвои 4 шампионски круни во шпанската Ла Лига и еднаш заедно со екипата се искачи и на врвот на Европа, освојувајќи го трофејот во Лигата на шампионите.

За Каталонците одигра над 200 натпревари и постигна повеќе од 150 голови сметајќи ги и пријателските мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести