15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Куман се сомнева дека Пике му работи зад грб

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ја загубил довербата во еден од најискусните фудбалери што ги има во своите редови, Жерарт Пике, и се сомнева дека Пике му работи зад грб, и тоа во договор со претседателот Жоан Лапорта.

Куман не е миленик на Лапорта, сакаше да го разреши по поразот од Бенфика, но соработниците беа против, па Холанѓанецот остана на клупата на Барса. Се шпекулира дека всушност Пике е човекот кој сака Куман да биде сменет и постојано лобира кај Лапорта за такво нешто.

По поразот од Атлетико, Пике рече дека и три часа да играле, немало да дадат гол, па Куман тоа го сфати како напад врз него.

- Оглас -

Најнови вести