Лионел Меси не тргна во претпознатливо светло во новата сезона иако забележа погодок и две асистенции во победите над Вилјареал и Селта Виго во премиерните две кола од Ла Лига. Роналд Куман искажа своја анализа за настапите на капитенот откако Барселона завчера го претрпе првиот пораз под палката на новиот тренер, со минимални 1-0 од Хетафе.
„Можеби му треба уште малку време за да се врати на потребното ниво. Го гледам секој ден, среќен е и сака да ја води оваа екипа. Мислам дека досега немаше многу среќа во натпреварите, не се сомневам дека може да игра многу подобро од ова“, истакна Куман.
Меси веќе два меча е без учинок, остана на тој гол постигнат против Вилјареал, што е резултат на промената во позицијата на која игра. Меси најчесто е користен како класична 10-ка, па неговата игра повеќе се базира на тоа да ги разработи соиграчите.
Можно е Меси утре да одмори во дуелот на Барселона против Ференцварош во првото коло од ЛШ со цел да биде максимално подготвен за првото овосезонско Ел Класико, кое е предвидено за 24 октомври.