35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Куман суспендиран, нема да биде на клупата на двата клучни меча

Неверојатно е Барселона дома да води на полувреме, а на крајот да загуби од ривал кој никогаш претходно се немал радувано на „Камп Ноу“. Токму тоа се случи синоќа, кога Барселона имаше предност од 1:0 против Гранада, но во вториот дел прими два гола и загуби со 1:2.

Ако ги освоеше трите бода, Барселона ќе беше нов лидер во Примера, а сега е на третото место на табелата. Дополнителен проблем за каталонците е и црвениот картон кој го дови тренерот Роналд Куман. Стратегот на Барселона бил исклучен откако на четвртиот судија му се обратил со зборовите „каков лик“.

Поради ова, Куман не само што беше исклучен, туку доби и два меча суспензија, па нема да може да биде на клупата на следните два меча на Барселона и тоа во дерби дуелите против Валенсија и Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести