Куман: За некои работи нема објаснување

Барселона испушти два важни бода на гостувањето кај Леванте и покрај тоа што имаше водство од 2-0, па и 3-2. Според Роналд Куман, за клуб со шампионски амбиции е премногу да се прими три гола, а вели дека не може да обајсни како падна нивото на игра во второто полувреме, кога Леванте на Барди потполно се врати во мечот.

„Првото полувреме го почнавме сосема солидно, со висок ритам, што придонесе да изградиме сигурна предност. Не знам зошто му дозволиме на Леванте да се врати во игра, на паузата разговаравме околу тоа да го задржиме интензитетот, а се случи сосема спротивното. Направивме премногу грешки, ситуациите во кои требаше да го „убиеме“ мечот не ги искористивме. Не можам да ја обвинувам одбраната, но да се примат три гола е премногу. Како тренер јас сум најодговорен, сега трката за титулата не зависи од нас“, посочи Куман.

 

- Оглас -

Најнови вести