Кумановец ги погоди синоќешните резултати во ЛШ, во Кратово има експерт за пикадо (Фото)

За обложувач од Кратово бројот 13 се покажа како среќен бидејќи 13-те погодени исходи од мечеви во пикадо му донесоа водство на априлската табела во промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка.

Само со 20 денари уплата, овој играч има бруто-добивка од 78.752 денари, а со оглед на тоа дека на сите 13 пара квотите се над 1.40, овој тикет стана првопласиран во месечната етапа на Среќна 13-ка и во игра е за победа која носи 120.000 денари.

Во објектот на Sport Life кај кумановската Соколана, еден играч ги погодил точните резултати на двата натпревари кои се играа синоќа во фудбалската Лига на шампиони.

Кумановецот уплатил 150 денари со надеж дека Барселона ќе ја победи Борусија Дортмунд со 4-0, а ПСЖ дека ќе слави со 3-1 против Астон вила. За двата резултати квотите се двоцифрени, па добивката му е над 20.000 денари.

Барса четвртиот гол го даде во 77-мата минута и, за среќа на овој играч, тука застанаа, а имал доза на среќа и што ПСЖ својот трети гол за победа од 3-1 го даде во последните секунди од мечот, во 92-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести