22.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Кумановец го има вистинскиот рецепт за тикет со огромна добивка (Фото)

Многу среќна беше средата за еден обложувач во Sport Life кој уплатил тикет во Куманово. Одиграни се седум натпревари, а за вложени само 210 денари, на крајот добивката е одлична и изнесува 235.343 денари.

Одиграни се шест фудбалски мечеви и еден НБА дуел, а како што најчесто е, секогаш е потребно и среќата да биде на ваша страна за да биде тикетот добитен. Во Купот на Белгија Антверпен и Андерлехт одиграа 2:2, а гостите последниот погодок го постигнаа во 90+2 минута. Благодарение на токму тој погодок, тикетот на крајот е добитен затоа што комбинацијата била ГГ4+.

Во бразилските возбудувања Аваи лесно со 3:0 победи на гости кај Херкилио, Гоиана со 3:1 ја победи Вила Нова, а Понте Прета со 2:1 беше подобар на гости кај Нороесте.

Пачука дома загуби од Леон со 1:2 во меч од мексиканското првенство, а тоа беше доволно за ГГ3+. Во Хондирас, Реал Сосиедад загуби дома од Олимпија со 1:4, за погодено ГГ4+.

Од НБА лигата погодено е дека Вашингтон ќе слави на гости кај Бруклин. На крајот Волшебниците победија со 119:102.

- Оглас -

Најнови вести