Во објект на Sport Life во Куманово исплатени се над 100.000 денари за еден добитен тикет со пет пара и уплата од 250 денари, а на тикетот е типувано против еден друг роден кумановец, голманот Столе Димитриевски, но тоа му донесе многу пари на играчот.
Последен меч кој се чекал за добивка бил Валенсија – Барселона од Купот. Димитриевски беше на голот на Лилјаците, а прогнозата е дека Барса ќе даде три или повеќе голови во прво полувреме. Столе не три, туку прими дури четири гола во првото полувреме и така за оваа игра излезе добитна квотата од 9.50.
Претходно овој обложувач имал среќа и точно го предвиде исходот на АЗ Алкмар – Квик бојс дека во двете полувремиња ќе има барем по два гола, а вториот гол во вториот дел падна дури во 96-тата минута. Средбата заврши 3-1. Не било лесно и кај парот Антверп – Андерлехт, каде што се чекало ГГ и 3+, а третиот гол падна во 85-тата минута.