Кумановки играат одличен ракомет, чекаат ривал во биткат за пехарот во македонскиот куп

Кумановки играат одличен ракомет и доминацијата без пораз во Првата лига ја потврдија и со пласман во финалето на националниот Куп на Македонија по победата против Металург со 27:23.

Во неизвесно прво полуфинале ракометарките на Куманово сепак не дозволија изненадување во меч на лидерот во Првата лига и третопласираната екипа.

По првиот дел беше 13:12 за Куманово, а на крајот разликата беше четири гола за најдробрата женска ракометна екипа во моментов во Македонија.

Куманово е лидер и во Првата лига, без пораз со само едно реми и 18 победи, а ќе има можност да ја освои и куп титулата.

Противник во финалето ќе им биде подобриот тим од второто полуфинале што ќе го играат Вардар и Чаир од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести