Денеска и официјално станаа познати 16-те екипи кои ќе играат во регионалната АБА 2 лига. Македонија ќе ја претставуваат само два тима, и тоа финалистите на плејофот, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.
Минатата сезона имавме три тима, а така требаше да биде и сега, Куманово како третопласиран имаше шанса да влезе во второлигашкото јадранско друштво, но кумановци на крајот сепак останаа без место во оваа лига.
Први носители при ждрепката ќе бидат Цибона, Морнар, Златибор и Војводина. МЗТ е во вториот шешир со Хелиос, Широки и Подгорица, а ТФТ е во последниот четврти шешир.
Тимовите ќе одиграат по осум меча во регуларната сезона, по два меча против екипи од секој од четирите шешири, но нема да смеат да се сретнат тимови од иста земја во овој дел од сезоната. Секој тим ќе одигра по четири меча дома и на гости. Потоа ќе има четвртфинале, полуфинале и финале, во две добиени.
Дуелите ќе се играат во вторници и среди за да не се загрози календарот во домашните лиги.