Куманово лесно се справи со Гостивар

Куманово пред своја публика стигна до вториот триумф сезонава во Првата лига, а воедно им го нанесе првиот пораз на Гостивар, со конечни 75-63. Клучна беше втората четвртина, во која домаќините ја направија првата иницијатива за контрола на мечот, стигнаа до седум поени предност, па во текот на средбата ја одржуваа истата, а при тоа во неколку обиди успеаја и да ја зголемат на двофицрен број.

Во првите 10 минути беше неизвесно, и двете екипи тешко стигнуваа до поени, па на крајот Куманово ја освои четвртината при 17-16. Во периодот пред паузата, реализацијата на  Гостивар значително опадна, постигнаа само 11 поени, а кумановци сето тоа го искористија и изградија сигурна предност.

Во решавачкиот период, Куманово не им дозволи на гостите да постигат кош цели пет минути, па нивната предност стигна и до +15, а гостиварци немаа шанса да извлечат нешто повеќе од средбата, и покрај отпорот кој го пружија во завршните минути.

Адем Мекиќ беше најрасположениот играч на Куманово, реализираше 26 поени и осум скока, Мирко Ковач допринесе за победата со 13 поени и шест скока. Во тимот на Гостивар најефикасен беше Фурстингер со 19 поени, 13 додаде Сегариќ.

 

- Оглас -

Најнови вести