9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Куманово посакува да биде домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија и во иднина

Одлична прилика на едно место, во прес-центарот на спортсата сала во Куманвоо да се соберат учесниците на финалниот турнир, на кој од 13 до 15 февруари ќе биде одлучен новиот освојувач на драгоцениот трофеј.

На отворањето на прес-конференцијата, првиот човек на општина Куманово, Максим Димитриевски, напомена дека е горд што неговиот град е домаќин на најдобрите од македонската кошарка и додаде дека би сакал тоа да стане традиционално.

Односно и во иднина најдобрите во ова натпреварување да се пресметуваат во кумановската спортска сала.

„Зошто и следната година завршниот турнир од Купот што го носи името на нашиот голем пријател, Благоја Георгиевски-Буштур, кој за жал повеќе не е со нас, да не се игра во Куманово, односно тоа да стане своевидна традиција. Верувам дека за следната година ќе го решиме и прашањето околу греењето и ладењето, што ни е крајна цел. Без разлика на сето ова, посакувам викендов да следиме квалитетна кошарка и да уживаме во мајсториите на актерите на теренот“, посака Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести