7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Куманово во финишот го скрши отпорот на Пелистер и ќе игра во полуфиналето на Купот

Екипата на Куманово е последниот полуфиналист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако по голема борба славеа над Пелистер со 75:66. Со овој триумф Куманово си обезбеди дуел утре против ТФТ Скопје во полуфиналето, додека во втората полуфинална пресметка ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Кожуф.

Последното полуфинале траеше трчиси два и пол часа, а почетокот беше неславен. По само четири и пол минути игра, се случи инцидент. Во моментот кога навивачите на Пелистер требаше да влезат во салата, се случи нередот меѓу популарните Чкембари и полицијата. Гостинските навивачио беа исфрлени од сала, а кошаркарите на Пелистер се повлекоа во соблекувалната.

По 10-тина минути убедување играчите на Пелистер се вратија на теренот и мечот продолжи и тоа со голема неизвесност. По првата четвртина Пелистер водеше со 18:17, а на полувреме битолчани водеа со 41:37.

неизвесноста продолжи и во третата четвртина. Куманово водеше со 50:45, а Пелистер со серија од 9:0 стигна до 54:50. Во последната четвртина беше 64:64, кога следуваше клучниот момент. Куманово со серија од 9:0 поведе со највисоки девет разлика (73:64) и тоа беше знак дека домаќините се полуфиналисти на Купот.

Во останатите три меча од четвртфиналето кои се играат денеска: ТФТ Скопје славеше над Феникс со 98:71, МЗТ Скопје Аеродром го растури вечниот ривал Работнички со 100:69, а Кожуф со 84:80 беше подобар од Маџари.

- Оглас -

Најнови вести