6.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Куманово закажа финале на Купот против МЗТ Скопје

Домаќинот на куп-турнирот, тимот на МКК Куманово, е вториот финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија и ќе го предизвика бранителот на трофејот, тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Куманово го совлада ТФТ со 87-79 и по подолг период ќе биде финалист.

Кошаркарите на ТФТ во финишот „изгореа“ во атмосферата во салата во Куманово и потфрлија, иако беа во егал во најголем дел од натпреварот.

Своето одлично шутерско издание, Николиќ го затвори со реализација на 31 поен, пет асистенции и пет скока. Луковиќ додаде 17 поени и осум скока, Стевановиќ 11 поени, а Ѓуроски имаше 10 поени.

Во поразената екипа, Дејвис заврши со 24 поени, Гордон имаше 15, Ташовски 14 поени, а Стојаноски 11 поени.

Утревечер, во големото финале на 34-ot финален турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово.

- Оглас -

Најнови вести