Кошаркарите на Куманово втор пат за само неколку дена загубија на свој терен од МЗТ Скопје Аеродром. Откако го загубија финалето во Купот, денеска Куманово во рамките од првенството, беа поразени со 56:72.
Овој меч беше посебен бидејќи домаќинот реши да направи хуманитарен гест, а навивачите прифатија. Стотици плишани играчки беа фрлени на теренот, кои ќе бидат донирани на деца од ранливи категории.
Секоја чест за кумановци.

