8.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Кумановци се надеваат на прво куп финале по 13 години

Полуфиналните парови за Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во кошарка, чија завршница се одржува во Куманово, би требало да донесат возбуда и интересни пресметки за влез во утрешното финале.

Од 17 часот, играат МЗТ Скопје Аеродром и Кожув, што е реприза на ланското финале. Металците се големи фаворити, и би требало да се најдат во уште едно финале во натпреварувањето во кое се најтрофејни според бројот на освоени пехари.

Една од бројните титули на МЗТ во купот беше и онаа од 2013 година, кога во финалето во „Борис Трајковски“ го победија Куманово. Тоа е засега единствено финале на кумановци кои веруваат и посакуваат дека пак ќе се најдат во финале по пауза од 13 години, овојпат на нивен терен.

Предноста на кумановци против ТФТ ќе биде домашниот терен и поддршката од трибините. Црно-белите од скопско Тафталиџе се лидери на табелата во Првата лига и поодморени се од домаќинот, па од 19.30 ќе има интересно полуфинале. ТФТ има едно финале и еден трофеј во Купот на Македонија, тоа се случи во 2022.

- Оглас -

Најнови вести