Ќумбев: Гвардиола има голем избор, Манчестер сити ќе го победи Хофенхајм

Панче Ќумбев се покажа како врвен познавач на европскиот фудбал. На стартот од соработката со СПОРТ МАНИЈА, во два викенди погоди девет од десетте типувани натпревари, а денеска ќе ни биде специјален гостин за Лигата на шампионите.
Велешанецот со одлично фудбалско педигре типува добра вечер за домашните екипи, која, според него, може да ја расипе само Манчестер сити.
Еве ја анализата и предлог-типовите на Ќумбев за шест од осумте натпревари во ЛШ. Шест од нив ќе се играат денеска, а за утре остануваат само дуелите меѓу Борусија Дортмунд и Монако и Порто – Галатасарај.
Хофенхајм – Манчестер сити (денеска 18.55 часот)
Верувам дека по киксот против Лион во првото коло, Манчестер сити денеска ќе го добие овој дуел. Лесно нема да му биде, бидејќи по традиција германските тимови се многу незгодни за Англичаните, но квалитетот е на страната на гостинот. Преголемиот избор на квалитетни играчи што го има Гвардиола ми дава за право да типувам двојка.
Предлог тип: 2 (1.40)
Јувентус-Јанг бојс (денеска, 18.55 часот)
Јасно е кој е фаворит на овој дуел. Јувентус има амбиции да ја освои Лигата на шампионите, а овој меч е само еден во низата на патот до евентуалното освојување на европскиот врв, што е желба на сите во Торино. Единицата е извесна, а мислам дека ќе има и најмалку три гола на натпреварот. Јуве има одлични играчи и верувам дека денеска Манџукиќ, Дибала и останатите ќе имаат ефикасен натпревар.
Предлог тип 1&3+ (1.52)
Лион – Шахтар (денеска, 21.00 часот)
Лион е поквалитен тим и фактот дека е домаќин на овој натпревар ми дава право да му дадам предност.Одличната партија во првото коло против Сити не беше случајна и верувам дека и вечерва ќе слават за две победи по првите две кола.
Предлог тип: 1 (1.97) Бонус тип
Борусија Дортмунд – Монако (утре, 21.00 часот)
Интересен дуел. Домашните се во одлична форма, додека гостинот е непрепознатлив во првиот дел од сезоната. Монако игра неочекувано слабо во француското првенство, а загуби и во првото коло во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид на свој терен. Сепак, верувам дека може барем еднаш да ја затресе мрежата на Борусија во дуел со многу голови, и тоа на двете страни.
Предлог тип ГГ3+ (2.02)
Рома- П’лзењ (денеска, 21.00 часот)
Рома денеска мора да победи доколку сака да се бори за првите две места на табелата. Има квалитетен состав и иако осцилира со формата, ја има улогата на апсолутен фаворит. Затоа типувам единица со најмалку три гола на натпреварот.
Предлог тип: 1&3+ (1.83)
Порто – Галатасарај (утре, 21.00 часот)
Мислам дека Порто е фаворит овде затоа што игра одлично на домашен терен, за разлика од Галатасарај, екипата која е неубедлива на гости. Единицата е најреална и очекувам лесна победа на Порто.
Предлог тип: 1 (1.51)
- Оглас -

Најнови вести