Кумовите се силни адути на Челзи и Реал во битката за трофејот во Лигата на шампионите

Од 2013 година наваму, во сите екипи кои ја освојувале Лигата на шампионите имало барем по еден Хрват. Ако таа традиција продолжи, европски првак сезонава треба да бидат Реал Мадрид (Лука Модриќ), Челзи (Матео Ковачиќ), Баерн Минхен (Јосип Станишиќ) или Атлетико Мадрид (Шиме Врсаљко).

Атлетико ќе се помачи за да стигне до полуфиналето, но еден од Реал или Челзи сигурно ќе биде полуфиналист и ако дојде до финале, има големи шанси да го крене трофејот затоа што ќе има Хрват во своите редови.

За Реал игра Лука Модриќ, а во Челзи е Матео Ковачиќ. И Ковачиќ во минатото настапуваше за Кралскиот клуб од Мадрид, во него Хрватите гледаат наследник на Модриќ, а тие се и кумови. Поточно, Модриќ го крштеваше синот на Ковачиќ, Иван. Лука и Матео досега никогаш не играле еден против друг.

Финалето во 2011 година беше последно на кое немаше Хрват во ниту еден од тимовите, а во 2012 година имаше Хрвати, но загубија. Од 2013 до 2021 година секогаш имаше Хрват(и) во шампионските тимови.

Таа низа пред девет години ја почна Манџукиќ со Баерн, ја продолжи Модриќ со Реал, следуваше Ракитиќ со Барселона, па Модриќ и Ковачиќ трипати по ред со Реал, дојде редот и на Ловрен како играч на Ливерпул, па Перишиќ со Баерн и лани Ковачиќ со Челзи.

- Оглас -

Најнови вести