За доведување на нови фудбалери, клубовите со децении веруваат на своите скаути, тренери и стручњаци кои се задолжени да ги следат игрите на оние кои би биле потребни да дојдат како засилувања. Сепак, како што се развива технологијата, се наоѓаат и нови начини да се следи развојот на фудбалерите.
Неодамна е промовирана вештачка интелигенција која треба да ги замени скаутите и тренерите и која треба да вкалкулира дали еден играч е потребен на клубот или не. За што се работи?
„Аи Абакус“ е нов систем кој ги скаутира играчите, нивните техники, тактички, физички, па дури и ментални карактеристики. Некои велат дека оваа вешташка интелигенција е толку добра, што дури може да ја предвиди и атмосферата во екипата по победа или пораз ако биде доведен некој играч во составот.
Вештачката интелигенција „Аи Абакус“ направи калкулација за тоа кои играчи се најдобри да дојдат во зимскиот преоден рок во Топ 6 екипите во Англија. Калкулациите покажуваа дека Брел Емболо би можел да биде замена за Хари Кејн во Тотенхем, а како опција и Мајорал.
Што се однесува за останатите клубови во Топ 6 во Англија, Ерлинг Халанд е играчот кој е потребен во Манчестер сити, Даџо Упамекано ќе ја зацврсти одбраната на Ливерпул, а Јулијан Брант е потребен во Манчестер јунајтед. Челзи би требало да го купи Адријан Фејн, додека Арсенал може да се засили со Флоријан Нојхаус.